Лицето со хемофилија може да крвари без надворешна рана и без да се гледа течење на крв. Ова е случај на внатрешно крварење, т.е. крварење во зглобовите, мускулите или внатрешните органи.
Добро е да се запамети дека не мора да претходи пад или друга повреда, што ќе предизвика внатрешно крварење. Крвавењата без очигледна причина (спонтани крварења) се јавуваат почесто кај лица со тешка хемофилија, токму затоа што тие имаат многу ниско ниво или целосен недостаток на фактор на коагулација.