Процес на згрутчување на крвта
Кога крвните садови ќе се повредат, специфичните крвни клетки, наречени тромбоцити, се концентрираат во одреден момент и создаваат крвен чеп. Потоа, факторите за коагулација формираат матрикс кој го опкружува крвниот чеп и го стабилизира на местото на крварење. На овој начин, местото на крварење е „запечатено" и крварењето запира.
Во случај на хемофилија, отсуството или недоволното количество на еден од факторите за згрутчување на крвта, спречува да се формира цврста мрежа околу крвниот чеп, со тоa крвниот чеп лесно се разградува и крварењето трае подолго.