„Кралска болест“
Хемофилијата понекогаш се нарекувала „кралска болест“ затоа што ги засегала кралските семејства на Англија, Германија, Русија и Шпанија во 19. и 20. век. Се верува дека кралицата Викторија од Англија (1819-1901) била носител на хемофилија Б. Таа го пренела својството на три од нејзините девет деца. Нејзиниот син Леополд починал од крварење по пад кога имал 30 години. Нејзините ќерки, Алис и Беатрис, го пренеле својството на неколку нивни деца. Ќерката Алис се омажила за Цар Никола од Русија, а нивниот син Алексеј имал хемофилија. Хемофилијата се пренесувала низ различни членови на кралското семејство три генерации по Викторија, а потоа исчезнала.