Пристапот и употребата на оваа веб страница се предмет на следниве Услови за користење и со употреба на оваа веб страница, се претпоставува дека сте ги прочитале целосно и сте ги прифатиле безусловно и безрезервно. Ако не сакате да ги прифатите Условите за користење, Ве молиме не обидувајте се да пристапите или да ја користите веб страницата. Го задржуваме правото да ги ажурираме и генерално да ги менуваме овие Услови за користење во кое било време во иднина. Затоа препорачуваме да го посетите релевантниот линк, за да бидете запознаени и ажурирани со Условите за користење на оваа веб страница. Исто така, го задржуваме правото да ја прекинеме или стопираме работата на оваа веб страница без претходно известување, во кое било време во иднина.
Секоја информација споделена за одредена болест е наменета со цел да се обезбедат општи информации за јавноста и во никој случај не може да го замени советот на лекар или друг надлежен здравствен работник. Како резултат на тоа, треба да биде јасно дека сите релевантни информации дадени на оваа веб страница нема во никој случај да претставуваат медицински информации и не се наменети да се користат како медицинска помош или здравствено упатство, или заради медицинска дијагностика или медицински третман. Компанијата не обезбедува медицински услуги или услуги за дијагностицирање, ниту преку интернет ниту преку било кој друг начин. Како резултат на тоа, треба да се консултирате само со квалификуван здравствен работник за да добиете сеопфатни медицински информации за услуги поврзани со здравствена заштита, медицинска дијагностика и третман.
Иако Рош секогаш се стреми да споделува точни и ажурирани информации, ние не даваме никаква изјава, директна или индиректна, или не даваме никаква гаранција, директна или индиректна, во однос на точноста или комплетноста на информациите дадени на оваа веб страница и претпоставуваме дека немаме одговорност за употреба на оваа веб страница или која било друга веб страница поврзана со неа. Рош го задржува правото да ја промени оваа веб страница во кое било време без предупредување и не превзема никаква одговорност за нејзино информирање и ажурирање. Сите корисници се согласуваат дека секој пристап до и користење на оваа веб страница и која било веб страница поврзана со неа, како и нивната содржина, ја користат на нивен ризик и одговорност. Ниту Рош ниту која било трета страна поврзана со креирање, продукција или дистрибуција на оваа веб страница или која било друга веб страница поврзана со неа, нема да биде одговорна за каква било директна, секундарна, последователна, индиректна или друга дополнителна или инцидентна штета, што може да произлезе од пристапот до, користењето или неуспехот да се користи оваа веб страница или која било друга веб страница поврзана со неа, или за грешки или пропусти во нивната содржина.
Линковите до другите веб страници се нудат само со цел да се зголеми комфорноста. Ние немаме никаков став кон содржината на веб страниците од трети лица и не прифаќаме никаква одговорност за информациите на овие страници и за нивната употреба.
Одредени линкови содржани на оваа веб страница водат кон веб страници на акредитирани научни и медицински тела и организации и несомнено претставуваат вреден извор на медицински информации. Како и да е, имајте предвид дека секоја одлука поврзана со здравствените проблеми мора да се донесе само по консултација со лекар или друг надлежен здравствен работник. Информациите за здравствени проблеми достапни на интернет не можат да ги заменат услугите поврзани со здравствената заштита, медицинската дијагностика и третманот обезбедени од страна на квалификувани здравствени работници.
Сите трговски марки кои се однесуваат на оваа веб страница припаѓаат или се лиценцирани од страна на член на групацијата Рош или трети страни. Вашиот пристап до веб страницата на Рош не Ви дава лиценца или право на трговски марки или права од индустриска сопственост кои припаѓаат на Рош или на трети страни.
Интернет страницата на Рош и информациите содржани на неа, како и сите референци што произлегуваат од тоа, се дадени само за информативна употреба. Пристапот е обезбеден исклучиво за лична, некомерцијална употреба. Секое удвојување, репродукција, пренесување, дистрибуција или друга употреба е строго забрането. Било која апликација за репродукција на какви било информации содржани на оваа веб страница, мора да биде адресирана до Рош. Секоја ставка вклучена на оваа веб страница е заштитена со авторски права и права од индустриска сопственост, освен ако поинаку не е споменато и не може да се користи без претходна писмена согласност од Рош.
Рош не превзема никаква одговорност за било каква поврзаност со нејзините веб страници. По барање на било кој корисник, да даде какво било појаснување или помош поврзано со работењето и пристапот на оваа веб страница или на која било друга веб страница поврзана со неа, изрично е наведено дека Рош нема да има одговорност за овие појаснувања или за укажаната помош. Корисниците обезбедуваат пристап до оваа веб страница или до било која друга веб страница поврзана со неа, со свои средства и одговорност.
Одредени типови на информации автоматски се собираат секој пат кога пристапувате со нашата веб страница, како и преку одредени е-маилови кои ги разменуваме. Автоматските технологии што ги користиме може да вклучуваат, на пример, веб сервер/IP адреси, cookies (колачиња) и web beacons.
Веб сервери/IP адреси. IP адресата е број доделен на вашиот компјутер секој пат кога ќе се поврзете на интернет. Сите онлајн компјутери се идентификуваат со IP адреси, кои им овозможуваат на компјутерите и серверите да се препознаваат и комуницираат едни со други. Рош собира IP адреси за да спроведува системска администрација и да известува збирни информации до филијали, деловни партнери и/или добавувачи за да спроведе анализа на страници и преглед на ефикасноста на веб страницата.
Колачиња. Колачињата се делови од податоци кои автоматски се чуваат од страна на вашиот веб прелистувач во однапред одредена датотека на вашиот компјутер секој пат кога ќе пристапите до одредени веб страници. Колачињата уникатно го идентификуваат вашиот прелистувач на серверот. Тие исто така ни овозможуваат да собираме информации поврзани со серверот, со цел да ви помогнеме додека сурфате на интернет, како и да спроведуваме анализа на страници и преглед на перформансите на веб страницата. Повеќето прелистувачи се поставени да прифаќаат колачиња. Како и да е, можете да го ресетирате прелистувачот за да ги одбиете или да ве известуваат секој пат кога ќе примите колаче. Забележете дека некои делови од нашата веб страница може да не функционираат правилно ако ги одбиете колачињата.
Web beacons. На одредени веб страници или е-пошта, Рош може да користи заедничка интернет-технологија наречена „web beacons“ (исто така позната како „акција за означување“ или „clear GIF technology“). Web beacons помагаат да се анализира ефективноста на веб страницата преку мерење, на пример, бројот на посетители на веб страница или колку посетители кликнале на одреден дел од веб страницата.
Web beacons, колачињата и другите технологии за следење не собираат автоматски никакви информации што можат да се идентификуваат. Само ако доброволно поднесете идентификувачки информации, како што се апликација за регистрација или е-пошта, овие технологии за автоматско следење можат да се користат за да обезбедат дополнителни информации во врска со вашата употреба на веб страници и/или интерактивни е-пошта, со крајна цел да ја подобрат нивната корисност за вас.
Доколку сакате да се откажете од примање колачиња, за да не можете да бидете идентификувани додека сурфате на нашата веб страница, можете да го прилагодите вашиот прелистувач да одбие колачиња или да Ве известува секој пат кога ќе Ви бидат испратени.
На оваа веб страница не собираме лични податоци кои можат да Ве идентификуваат на кој било начин, ниту има дел или врска со интерактивна содржина. Од вас нема да биде побарано да пополните формулар со лични податоци.
Горенаведените Услови за користење, како и користењето на оваа веб страница во целост, се регулирани со грчкото законодавство. Судовите на градот Атина имаат ексклузивна надлежност за секој спор поврзан со оваа веб страница.