Ајде да вежбаме

Навистина ми се допаѓа велосипедизам, пливање и пешачење. Тоа не е само одлична можност за вежбање, туку и многу забавен начин да го поминувам слободното време! Пред сè, вежбањето ми помага да останам здрав!
Дали знаеш дека ако често вежбаш, си помагаш сам/а да добиеш силно, здраво тело? Вежбањето е добро за срцето и ти помага да стекнеш силни мускули, коски и зглобови. На овој начин, ти си заштитен/а од крварења!

Jас сакам пливање

Пливањето е одлична вежба за нас кои имамe хемофилија. Кога пливаш, ги тренираш сите мускули на телото и тоа им помага да се засилат. Ова е многу важно затоа што силните мускули ги штитат зглобовите од крварење!Може да пливаш кога сакаш, дури и во зима. Треба само да одиш на базен, како што одам јас!
Пливањето е исто така многу забавно! Може да играш многу игри во вода со другите деца и ако вежбаш често, за време на летото ќе бидеш најдобриот пливач!
Омилена вежба ми е пливањето. Сакам долго да нуркам и да научам да пливам брзо, како олимпискиот шампион Мајкл Фелпс!

Совети за безбедно пливање

Секогаш пливам со моите пријатели или браќа и сестри за да не сум сам. Никогаш не пливам сам. Некој возрасен е секогаш покрај мене.
Не се нурнувам одголеми височини.
Ако се заморам за време на пливањето, веднаш излегувам од вода.

Безбедно да возиме велосипед

Кој не сака да вози велосипед? Велосипедот ни дозволува побрзо да одиме до куќата на вашите пријатели, да откриеме нови населби, да се забавуваме во паркот или да истражуваме возбудливи места во селата!
Сепак, кога возам велосипед, не заборавам да ги следам основните правила за безбедност.

Основни правила за безбедност

Јас секогаш носам кацига и штитници за коленото
Проверувам дали сопирачките работат правилно
Проверувам дали гумите се тврди кога ги притискам
Вклучувам светло за велосипед ако е попладне
Не возам со голема брзина
Секогаш проверувам кога го преминувам патот

Ми се допаѓа пешачењето

Пешачењето е многу добро за нашето здравје затоа што го зајакнува срцето и крвоносниот систем и ни помага да стекнеме силни мускули и здрави зглобови. Така избегнуваме крварење!
Можеш да шеташ секој ден! Можеш да одиш на училиште ако е близу до твојот дом, наместо мама или тато да те носи со автомобил. За време на викендите е добра идеја да прошеташ долго во паркот со родителите или пријателите!

Јас одам на физиотерапија

Физиотерапијата вклучува вежби кои им помагаат на твоите мускули и зглобови да станат посилни за да не крвават лесно. И не е само тоа. Ако во одреден момент се повредиш и настане крварење во зглобот, како што е лактот или коленото, тогаш физиотерапијата ќе ти помогне брзо да го зајакнеш овој зглоб, така што ќе можеш да го движиш како порано!

Многу различни вежби помагаат во зајакнување на различните мускули и зглобови во твоето тело. Едни се за колено, други за лактот и трети за глуждот. Постојат и специјални вежби за зајакнување на мускулите.

Физиотерапевтот точно знае кои вежби се соодветни за тебе и ќе биде покрај тебе за да ти даде насоки и совети.

Исто како наставникот по физичко воспитување во училиштето кој им покажува на децата какви вежби да прават и како да ги направат, и твојот физиотерапевт ќе ти покаже специфични вежби. Можеш да го замислиш како наставник по физичко кој ти помага да стекнеш силно тело!

Физиотерапијата ги
зајакнува твоите
мускули и зглобови
Постојат вежби
за лактите, колената,
глуждовите и мускулите
Физиотерапевтот
знае кои вежби
се соодветни
за тебе
Вежбите ти помагаат
побрзо да ја
надминеш
повредата
Под покровителство на: Иницирано од:
Овие информации се наменети да ја информираат и ажурираат јавноста и во никој случај не можат да послужат како замена за консултација со доктор или друг здравствен работник.
Share This: