Како да го сопреш крварењето

Колку и да бидеш внимателен/а, можеби во одреден момент нема да можеш да избегнеш крварење. Ако си повреден/а или ако препознаеш некој од симптомите на внатрешно крварење, најважно е да го кажеш тоа веднаш на твоите мајка, татко или возрасно лице до тебе. На пример, ако си на училиште, треба да му кажеш на твојот учител или ако си во куќата на некој пријател, би можел да ги известиш нивните родители или да ги повикаш твоите родители.
Запомни: Важно е да се опишат, колку е можно подобро симптомите што ги чувствуваш (т.е., чувствуваш дека нешто те „скокотка“ во зглобот или го чувствуваш местото отечено, топло и болно).
Треба да спомнеш и кога се случила повредата, но и што точно се случило (падна и ја удри ногата? Дали некој случајно те турнал? Дали се исече со ножици?)

Ако имаш надворешно крварење, односно ако имаш крв од рана или гребнатина на кожата:

Ако имаш надворешно крварење, односно ако имаш крв од рана или гребнатина на кожата:
Остани смирен/а. Не плаши се од течењето на крв. Полека ќе престане!
Не допирај ја раната која крвари со раце.
Возрасно лице со ракавици ќе ја исчисти раната со антисептик (течност што убива бактерии, како јод).
Ќе треба да ја притиснеш точката на крварење и да ја држиш високо додека крварењето не престане.
Мразот помага крварењето да престане побрзо. Затоа, ќе треба да ставиш мраз или пакетче мраз на раната, откако ќе ја завиткаш со чиста крпа (се користи крпа, бидејќи мразот не треба да лежи директно на твојата кожа!).
„Дури и ако е потребно време да сопре крварењето, не треба да се плашиш. На крајот на краиштата, крварењето што не запира брзо е најчестиот симптом на хемофилија!

Ако ги почувствуваш симптомите на крварење во мускул или зглоб, имаш само 4 едноставни зборови што треба да ги запомниш:Одмор - Мраз - Притисок - Подигнување!

За да се опоравиш поскоро по крварење во зглобот, ќе треба да останеш дома некое време и да се движиш што е можно помалку. Затоа, може да биде неопходно некое време да се носи гипс или патерици.
Мраз
Со завиткување на мраз или пакетче мраз во крпа и ставање на крпата на зглобот, болката се намалува и крварењето престанува побрзо. Можеш да го направиш тоа дома сам/а, ако мајка ти ти покаже како. Само постави ја крпата со мразот на твојот зглоб 5 минути!
Притисок
Притисокот помага да се запре крварењето. Ова е причината зошто можеби ќе треба да носиш околу зглобот еластичен завој кој нежно ќе ја притисне областа, додека крварењето не престане.
Подигнување
Ако зглобот што крвари е на ногата или раката, треба да легнеш и да го одмориш на перница.

Ако тече крв од носот (крварење од носот):

Седни на стол и држи ја главата со брадата надолу
Притисни ја ноздрвата што крвари најмалку 20 минути
Под покровителство на: Иницирано од:
Овие информации се наменети да ја информираат и ажурираат јавноста и во никој случај не можат да послужат како замена за консултација со доктор или друг здравствен работник.
Share This: