Креативно време
дома

Времето што го поминувате дома, не мора да биде здодевно! Можеш да направиш многу работи за да уживаш во слободното време! Можеш да добиеш некои идеи од активностите што ги правам!

Учам како да свирам музички инструмент

Навистина ми се допаѓа музика. Затоа, решив да научам да свирам флејта. Многу е забавно! Всушност, бидејќи курсевите се на интернет, можам да ги следам од дома! Затоа, не сакам да го пропуштам мојот час ако не можам да излезам од дома, во случај на повреда или кога времето е лошо!
Може да научиш да свириш и друг музички инструмент. Гитара, пијано или што сакаш! И кој знае? Може да откриеш дека имаш голем талент!

Цртање

Цртањето е мојата омилена активност кога сум дома. Сакам да цртам свои стрипови и кога ќе пораснам, сакам да станам дизајнер на стрипови! Мојот наставник по ликовно вели дека имам талент и голема фантазија!Можеш да ја користиш твојата фантазија исто така, за да уживаш во твоето време дома. Покрај цртањето со маркери или боици, има и други, многу оригинални идеи!
Нацртај скица на твојата дланка
Постави ја дланката на парче хартија и направи контури со маркер. Направи ја истата работа многу пати без да менуваш хартија. Потоа, пополни ја секоја скица на дланката со различна боја! Сега имаш шарен цртеж со контура на дланката!
Сликај со капки водени бои
Додај многу вода во водените бои за да се разредат. Стави капка боја на хартијата и потоа помести ја десно и лево. Погледни како капката се тркала на хартијата и создава неколку чудни обрасци!
Сликај со дување водени бои со цевка
Додај многу вода во водените бои за да се разредат. Стави неколку капки на хартијата. Земи цевка и дувни силно на водените бои. Ќе видиш дека се создаваат најубави дизајни!
МОЖЕШ ДА ГО ИЗБЕРЕШ ЦРТЕЖОТ ШТО ТИ СЕ ДОПАЃА НАЈМНОГУ И ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕНА ИЗЛОЖБА! ЗАМОЛИ ЈА ТВОЈАТА МАЈКА ДА ГИ ВРАМИ И ДА ГИ ЗАКАЧИ ВО ТВОЈАТА СОБА. ПОТОА ПОКАНИ ГИ ТВОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ДОМА ЗА ДА ИМ СЕ ВООДУШЕВУВААТ!
YOU CAN CHOOSE THE DRAWINGS YOU LIKE THE MOST AND CREATE YOUR OWN DRAWING EXHIBITION! ASK FROM YOUR MUM TO FRAME THEM AND THEN HANG THEM ON YOUR ROOM. AFTER THAT INVITE YOUR FRIENDS OVER YOUR HOUSE TO ADMIRE THEM!

Играј игри како на пример шах

Мајка ми, татко ми, сестра ми и јас сите заедно играме различни игри, како на пример шах. Ние го правевме истото кога требаше да останам дома неколку дена за да се опоравам добро од коленото што крвареше. Можеш да го направиш тоа со твоето семејство или да побараш од пријателите да те посетат дома и да си играте заедно!

Еве неколку
кул идеи!

Игри со карти и игри со зборовиОвие игри помагаат да ја вежбаш твојата меморија, да научиш нови работи и секако да поминеш многу забавни часови со твоите браќа и сестри или со пријателите!
Десет прашањаМора да си замислиш некој предмет, а другите играчи ќе се обидат да претпостават што е тоа со тоа што ќе ти постават 10 прашања. Ако не го откријат со тие 10 прашања, губат. Многу е забавно!
СложувалкаДури и сам/а, можеш да имаш убаво време! Можеш да направиш голема сложувалка.
Забавни експерименти на масаМоже да станеш „мал научник“ и да го откриеш светот околу себе со забавни експерименти на маса!
ШахПокрај тоа, да не заборавиме на „кралот на игри“, шах! Кога играш шах, слободното време го поминуваш со „кралеви“, „кралици“, „замоци“, „војници“ и измислуваш стратешки планови за да го победиш противникот! И, најдобро од сè е што шахот може да го играат сите, млади и стари. Може да си играш со родителите, со брат ти или сестра ти, со твојот пријател или дури и со дедо ти!

Внимателно ракувам со остри предмети

Со некои предмети, како што се ножеви, остри ножици или разни алатки со остри рабови, мора да ракуваш внимателно за да не се пресечеш.Побарај од мајка ти или татко ти да ти го покажат вистинскиот начин на држење на овие предмети. На пример, вистинскиот начин да се фати и држи нож е на рачката, а не на врвот.
Никогаш не треба да трчаш дома држејќи остар предмет затоа што можеш да паднеш и да се исечеш!

Здрава исхрана

На нашите коски, мускули и сите органи на нашето тело им се потребни хранливи материи и витамини за да растат правилно и да бидат здрави. Нашето тело ги прима сите нив преку храната.Тоа е причината зошто здравата исхрана е многу важна за нас кои имаме хемофилија. Затоа што на овој начин му помагаме на нашето тело да гради силни мускули, коски, срце и крвоносен систем. И не само тоа. Правилната исхрана му помага на нашето тело да заздрави побрзо во случај на крварење!Постојат неколку видови храна кои се поздрави од другите и треба да ги јадеме почесто и во поголеми количини. На пример, овошјето и зеленчукот содржат многу хранливи материи и витамини, затоа треба да ги јадеме секој ден. Додека, не треба да јадеме секој ден пржени компири, хамбургер или пица затоа што имаат многу масти и малку витамини. Во принцип, треба да избегнуваме храна што нè дебели или не нè зајакнува!
ИЗЕДЕТЕ ВИНОЖИТО!
Дали знаеш дека овошјето и зеленчукот содржат голем број на хранливи материи и се добри за разни органи на твоето тело? Може да научиш да разликуваш колку овошјето и зеленчукот се добри за тебе, според нивната боја!
Под покровителство на: Иницирано од:
Овие информации се наменети да ја информираат и ажурираат јавноста и во никој случај не можат да послужат како замена за консултација со доктор или друг здравствен работник.
Share This: